12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАИЗБОРТОП ВЕСТИ

Груевски не може долго во Унгарија, ќе мора накај Русија?

Унгарија ќе биде под силен притисок да не издаде азил на Никола Груевски, поранешен премиер на Македонија, велат познавачите на состојбите за Centar.mk.

Во вакуум периодот кој ќе се создаде следниве денови додека да биде донесена конечната одлука дали ќе има азил или не, Груевски најверојатно ќе мора да ја напушти и Унгарија, бидејќи азил не се издава на граѓани кои потекнуваат од безбедно верифицирани земји како Македонија, туку од воени жаришта.

Впрочем и Унгарија е земја која се бори и против ваквиот вид на азиланти кои изминатиот период од Сирија и останатите воено-загрозени подрачја ја преплавија земјата.

 

Унгарија не би си дозволила луксуз да ги расипе односите со Македонија

Како прво Унгарија во ниту еден случај не би си дозволила да оди до таму да бидат расипани односите на меѓудржавно ниво со Македонија, пред се од политички, но и економски аспект.

Евентуално издвање на азил на Никола Груевски, ќе значи дека издавачот на азил всушност ги потврдува тврдењата на екс-премиерот дека Македонија врши прогон, и со тоа би се создала една нова меѓу-државна конфликтна ситуација.

Како второ Унгарија е земја членка на Европската Унија, каде важат поинакви правила, и во ниту еден случај не може да се спореди еквадорското давање на азил на Асанж (кој живее во амбасадата на Еквадор во Лондон), со азилот на Груевски (кој успеа да избега во Будимпешта, Унгарија). Земјата од своите ЕУ партнери би била под силен притисок да не издаде азил за Груевски, а можеби и да се соочи со санкции.

Очекувањата се дека Унгарија ќе игра тивка дипломатска битка со одбрани чекори кои во правна смисла нема да ја повредат Македонската држава, односно ситуацијата ќе ја држи статус кво се додека не се најде “чаре” за Груевски.

 

Груевски би добил “најцврста” заштита во Русија

Имајќи ги во предвид неофицијалните информации за блиски релации меѓу тогашната власт на Никола Груевски и Руската федерација, но и општо познатите ставови на Русија која јасно е против про-западна ориентација на Македонија и се поклопува со политиките кои ги спроведуваше ВМРО ДПМНЕ за оддалечување на Македонија од ЕУ и НАТО, може да се очекува евентуален престој на Никола Груевски во Москва, каде што тој би имал цврста заштита, со оглед дека Руската федерација делува независно од земјите членки на ЕУ.

Сето ова би одело многу глатко, велат познавачите, имајќи ги во предвид блиските релации на власта на Орбан и Руската федерација.

Спонзорирано: