13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија и ЕУ се договорија околу нацрт-договорот за брегзит

Претставници на Велика Британија и ЕУ се договорија околу нацрт-текстот на договорот за брегзит по големиот пробив во преговорите. Извор од кабинетот на Владата за Би-би-си изјавил дека е постигнат договор за документот на техничко ниво по што преговорите се зајакнати.

Состанок на кабинетот на министри на британската влада ќе се одржи утре, а на него премиерката Тереза Меј ќе побара поддршка од министрите за договорениот нацрт-договор за брегзит. Пред состанокот секој од министрите ќе има одделна средба со премиерката. За време на преговорите најмногу недоразбирања произлегле околу границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска.

Британската премиерка, Тереза Мeј, и Европската Унија го решаваат прашањето за брегзит на начин што ќе ја претвори Велика Британија во колонија, изјави претходно поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон.

„Никој не наседнува на овој театар. Едно одложување за друго режирано одложување. Ќе биде постигнат договор што ќе означи предавање на Обединетото Кралство“, напиша Џонсон на „Твитер“.

Според британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, договорот за брегзит е 95 отсто завршен, но не е јасно во овој момент кога ќе завршат и разговорите.

Спонзорирано: