13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Хамас испали над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014.

Палестинските милитанти утрово кон Израел испалија најмногу ракети од конфликтот во 2014. година, предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на Хамас и други цели во појасот Газа.

Разгореното насилство, во кое загинаа петмина Палестинци и еден Израелец, се заканува да ги уништи заедничките напори на ОН, Египет и Катар за постигнување на мировен договор за Блискиот Исток.

Хамас, исламистичкото движење кое управува со Газа и други вооружени фракции, преку границата испалиле над 400 ракети и минофрлачки гранати.

Тоа е одмазда за акцијата на израелските специјални сили во Газа, во која беше убиен еден од командантите на Хамас и шест други членови на движењето. Во таа операција загина и еден израелски војник.

Сирените во јужниот израелски град Ашкелон ги предупредија жителите да се упатат кон засолништата за вонредни ситуации. Во ракетните напади погодени се неколку куќи, а израелската армија објави дека нивниот противракетен систем пресретнал и уништил повеќе од 100 палестински ракети.

Израел одговори со десетици воздушни напади врз различни цели, вклучувајќи го и седиштето на разузнавачката служба на Хамас и телевизијата Ал-Акса, чии работници однапред добиле предупредување од израелската армија да се евакуираат.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху свика итен состанок на кабинетот за да се разговара за идните чекори, а армијата објави дека испратила дополнителна пешадија и оклопни сили на границата со Газа.

Палестинските милитантни групи издадоа соопштение во кое се предупредува дека Ашдод, големо израелско пристаниште и Биршеба, најголемиот град во јужен Израел, ќе бидат следната цел доколку Израел не ги запре вооружените акции.

Египет го повика Израел да се повлече, додека САД го обвинија Хамас.

Израелската армија проценува дека Хамас и Исламски џихад имаат повеќе од 20.000 ракети и гранати со различен калибар и опсег, вклучувајќи ги и оние што можат да стигнат до Тел Авив и Ерусалим.

Спонзорирано: