12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Со признание за писателката Славенка Дракулиќ вечерва започнува фестивалот „Букстар 4“

Со промоција на збирката раскази „Невидлива жена и други раскази“ од една од највлијателните авторки во Европа во моментов, Славенка Дракулиќ, вечерва со почеток од 19:30 часот во Клуб ресторанот МКЦ ќе започне четвртото издание на фестивалот на европска литература „BookStar 2018“, во организација на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

На писателката Дракулиќ ќе ѝ биде доделена и наградата „BookStar“ за книга што ја одбележува 2018 година. Како што велат од организаторот, расказите во книгата „Невидлива жена и други раскази“ ги осветлуваат темните слепи точки на нашето општество со тоа што ја земаат невидливоста на повозрасните луѓе, смело прикажувајќи ги универзалните интимни мисли што секогаш ги одложуваме.

На вечерашниот настан, промоторки на делото ќе бидат Ангелина Бановиќ-Марковска и Ана Мартиноска, а наградата на авторката ќе ѝ ја додели актерката Наташа Петровиќ.

Во рамки на годинашното издание на фестивалот кој ќе трае од 13 до 21 ноември, покрај Славенка Дракулиќ (Хрватска/Шведска), пред македонската публика ќе бидат претставени уште шестмина докажани и признати писатели од самиот книжевен врв на Европа: Џамал Уаријачи (Холандија), Офејгур Сигурдсон (Исланд), Михал Ајваз (Чешка), Антон Баев (Бугарија), Рику Корхонен (Финска), Енес Халиловиќ (Србија), како и домашните Живко Грозданоски и Јосип Коцев (Македонија).

Дизајнот на официјалниот фестивалски постер и на другите промотивни материјали е на Зоран Кардула, а настанот е организиран во соработка со издавачката куќа „Готен“.

Годинашната фестивалска програма вклучува најголем број книжевни настани досега, при што, секако, во фокусот се гостувањата на авторите и промоциите на нивните дела. Фестивалските настани ќе се одржат на различни локации во Скопје, а влезот за истите е бесплатен.

Спонзорирано: