5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се исцртува рутата и сценариото според кое Груевски избегал од Македонија – Оливер Спасовски ги објави овие битни детали

Вечерва Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервјуто за “Само Вистина” на телевизија Канал 5 рече дека сигурно е дека Никола Груевски не избегал од Македонија по воздушен пат, туку тоа го направил илегално вон граничните премини.

-На ниту еден граничен нема излезено легално. Тоа укажува дека излегол илегално, вон гранични премини. Чувањето на зелената граница е патролно и тоа не може херметички да ја затвори границата. Секојдневно имаме обиди за илегално преминување на границата. Сите анализи укажуваат дека заминувањето од Македонија не се случило по воздушен пат. Кога ќе дојдеме до релевантен податок како се случило, тогаш ќе соопштиме. Сигурно е дека тој имал поддршка. Жално е во членка на ЕУ да дојде поранешен премиер на друга земја осуден за криминал, да бара азил, рече Спасовски за емисијата “Само Вистина”.

Спонзорирано: