13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев со јасна порака откако Никола Груевски напиша дека си заминал во Унгарија

Македонскиот премиер Зоран Заев, вели дека не се знае дали Груевски навистина ја напуштил Македонија и дека тоа треба дополнително да се утврди.

„Прво не знаеме дали се работи за бегство или не. Треба да го утврдиме тоа, да констатираме дека Груевски е надвор од државата“, потенцираше премиерот Зоран Заев порачувајќи дека нема да се меша во правосудниот систем на Македонија.

– Полицијата немаше никакво право без упатен акт да ја попречи слободата на Груевски, ниту да му се доближува, ниту нешто да применува. Мора да постојат судски наредби“, дециден е премиерот Зоран Заев.

Инаку како што претходно објави Centar.mk, поранешниот премиер Никола Груевски кој се бара со потерница за одлежување на затворска казна од две години, се огласи во јавноста дека поради закани ја напуштил Македонија и заминал во Будимпешта каде од унгарската држава ќе бара азил.

Според неофицијални информации целата ситуација со статусот на Груевски можеби е и блеф, бидејќи не е така лесно да се напушти државава без пасош, а притоа да се преминат две граници на други држави.

Спонзорирано: