Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори и тројца негови министри за здравство се обвинети за присилна стерилизација на 2 116 лица, соопшти Здружението за правата на жените.
Фуџимори, кој одлежува 25-годишна затворска казна за прекршување на човековите права, е обвинет за настаните помеѓу 1996 и 2000 година во последните четири години од неговиот мандат.
Во овој период стерилизирани се 272.028 жени и 22.004 мажи, претежно членови на сиромашната заедница Кечуа во Андите, како дел од владината програмата за планирање на семејство и репродуктивно здравје.
Истрагата, која тапкаше во место 14 години, откри дека во 2166 случаи стерилизацијата е извршена без согласност на оштетените или без соодветни информации.
Иследниците забележале најмалку еден случај во кој постапката резултирала со смрт, а неколку кои довеле до штетни последици врз здравјето.
Покрај Фуџимори, обвинети се и поранешните министри за здравство Марино Коста, Едуардо Јонг и Алехандро Агуинага, личниот лекар на Фуџимори.