5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На Груевски нема да му биде лесно во Унгарија бидејќи е членка на ЕУ: Унгарскиот амбасадор итно во МНР, а таму му било кажано само едно нешто

На поранешниот премиер Никола Груевски нема да му биде лесно ниту во Унгарија, бидејќи како членка на ЕУ е должна да го испорача на македонските власти бидејќи азил не се дава на земји кои се безбедни и стабилни како Македонија, туку на земји каде има воени жаришта, дознава Centar.mk.

Инаку во врска со информациите во јавноста дека поранешниот премиер Никола Груевски пребегал во Будимпешта и побарал азил во Унгарија, денес во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, со цел проверка на информацијата и по дипломатски канали, велат од МНР.

Во разговорот беше нагласено, дека на својот европски и евроатлантски пат, Република Македонија е цврсто определена да опстои на вредностите на градење на правната држава, фунционирање на независното судство и борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги и највисоките, што беше дел и од препораките во експертскиот извештај на Р. Прибе, информираат од МНР.

По средбата во МНР, потврда за веродостојноста на информацијата е добиена преку Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

МВР: Потврдено е дека Груевски е во Будимпешта
По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија, велат од МВР за Centar.mk

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил.

Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски, велат од МВР.

Спонзорирано: