7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Министрите за земјоделство од регионот во Струга ќе договараат соработка за економски раст и просперитет

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, годинава се домаќини на Дванаесеттиот годишен работен состанок на Министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, што ќе се одржи на 15. ноември во Струга.

Како што информираат од министерството, на конференцијата ќе учествуваат ресорните министри од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Албанија, државни секретари од Србија, Хрватска, Унгарија, претстваници од министерствата од Германија, Чешка, како и претставници од Европската комисија, Организацијата за храна и земјоделство и ГИЗ.

„Во рамки на настанот министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ) и шефовите на делегациите ќе разговараат за иднината во секторите за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ, процесот на регионална соработка и значењето на процесот на евроинтеграција за земјите од Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

Се додава и дека присутните на конференцијата ќе усвојат збир на цели за земјоделството и руралниот развој, кои треба да се постигнат во согласност со Европската Унија, во форма на Декларација која што ќе ја потпишат на конференцијата.

„Декларацијата од Струга 2018 за ‘Регионална Соработка за Одржлив развој и Економски Просперитет во Југоисточна Европа’ (ЈИЕ) претставува ново-управувана рамка во конципирањето на еден насочен пристап кон земјоделството и руралниот развој и ја насочува визијата за регионална соработка во однос на заедничкиот економски раст и просперитет во регионот“, појаснуваат од Министерството за земјоделство.

Спонзорирано: