13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И Британија го опомена Ријад: Уапсете ги убијците на Кашоги

Британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант верува дека ќе има „брз напредок” во преземањето на одговорност за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Хант, кој е во посета на Саудиска Арабија, вели дека очекува многу наскоро да слушне нешто во врска со тоа, објави Ројтерс.

Кашоги беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври, но неговото тело не е пронајдено.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во неделата телефонски разговараше со саудискиот принц и рече дека САД ќе ги сметаат сите вклучени во убиството за одговорни и дека Ријад треба да го стори истото, соопшти Стејт департментот.

Спонзорирано: