10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груевски влезе во Европска Унија, како му успеа без пасош?

Чудно бегство на поранешниот премиер, Никола Груевски од Македонија.

И покрај тоа што е со одземен пасош, тој успеа да ја напушти Македонија, и според тврдењето кое е објавено на неговата фан страна тој се наоѓа во Унгарија, каде наводно планира да побара и азил или пак се работи за блеф со цел за дефокусирање на потрагата.

По ова, интересно е како побегнал без пасош,а се отвора прашањето дали имал пасош на друга држава.

– Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.

Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.

Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, напиша Груевски или некој во негово име на фан страната Nikola Gruevski која има над 200.000 фанови на фејсбук.

Се’ уште нема меѓународна потерница

Се уште се очекува да биде распишана меѓународна потерница по Никола Груевски, а во моментов тој се бара низ државава.

Распишување на меѓународна потерница може да се очекува и денес, но што доколку добие азил во Унгарија, имајќи ги во предвид силните врски на високи унгарски функционери со македонскиот екс-премиер и опозициската партија.

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски рече дека не знае каде се наоѓа експремиерот и дека нема информации дали е во Унгарија. Тој рече дека немаат ниту информации дека Груевски добивал закани, како што има напишано на неговиот Фејсбук.

„Она вчера околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беше хајка, членови на ВМРО-ДПМНЕ беа малтретитани, ова е јавен линч на сите кои мислат поинаку. Институциите беа злоуптребени. Сомнителни лица на МВР плашеа народ, беа забелажани возила на Министерството за одбрана да учествуваат во притисокот. Внатрешна контрола да истражи кој даде информации на медиумите, кога ќе биде претресот во домот на Груевски. Малтретирање на семејството на почесниот претседател Никола Груевски и членовите на партијата“ порача Арсовски.

Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата да го приведе експремиерот Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шуто Оризари. Тој рече дека размислува за одговорноста која треба да се бара кај судиите, кои, како што рече не одредуваат притвори за оние кои можат да избегаат.

„Замислете има притвор за тешка кражба, а за тешки кривични дела нема притвор. Полицијата работи врз основа на наредби од судот. Постојат мерки за обезбедување а тие ги обезбедува судот“, изјави министерот Спасовски.

Тој наглaси дека МВР ќе има информации и дека ќе дојде до Груевски.

„Но ова не е само за Груевски туку за сите лица. Законот за кривична постапка кажува како треба да се постапува со ваквите лица. Јас мислам дека ако следиме комуникации спротивно на закон како претходно, ќе имаме сериозен проблем. Го баравме Груевски во неговиот дом, ги проверувавме возилата. Доколку имаме налог ќе влеземе во секој објект. Врз основа на добиените информации, секако ќе постапуваме. Не очекувате веројатно да ставиме линк на плоштад и да ги споделуваме сите информации од истрагата со јавноста“ истакна Спасовски.

Спонзорирано: