19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Tрпеливо чекаме објаснување од принцот

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека трпеливо чекаат објаснување од саудискиот принц, Мохамед бин Салман убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Саудискиот новинат, дописник на „Вашингтон пост“, влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври и никогаш не излезе оттаму. По неколкудневниот притисок, официјален Ријад им дозволи на турските истражни тимови да влезат во зградата на конзулатот. За тоа време Саудиска Арабија најверојатно ги прикрила најважните докази, тврдат многу медиуми.

По неколку дена истрага Ријад, објави првични резултати од истрагата и посочи дека
Кашоги бил убиен во конзулатот за време на караница со неколку лица што во моментот биле внатре, Саудиска Арабија веднаш потоа објави и дека има приведено неколку лица поради можна вмешаност во убиството.

Турскиот претседател, Ердоган пред само неколку дена испрати и аудио-снимки до пет држави и посочи дека сите веќе слушнале и знаат што се случило, и дека сега сотанува на саудијците да го идентификуваат убиецот.

Спонзорирано: