10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британец почина од беснило откако го каснала мачка додека бил на одмор во Мароко

Британец починал од последица на беснило, кое му го пренела мачка кога го гризналадодека бил на одмор во Мароко, соопштија британските здравствени претставници.

Англиската служба за јавно здравје, по овој случај, издала предупредување до патниците да избегнуваат да доаѓаат во контакт со животни за време на одморот во земјите погодени со беснило, пренесе Би-Би-Си.

И покрај тоа што нема опасност за пошироката јавност, здравствените работници и лицата кои биле во блиски контакти со починатиот, поради претпазливост се изложени на прегледи и се вакцинирани во случај на потреба.

Беснило не е регистрирано меѓу диви или домашни животни во Британија, но петмина Британци биле заразени со таа болест меѓу 2000 и 2017 година.

Според податоците на Светската здравствена организација, беснило е забележано во повеќе од 150 земји и секоја година зема десетина илјади животи, претежно од Азија и Африка. Британската Влада соопшти дека северноафриканските земји, како Мароко, Алжир и Тунис, се меѓу 139 земји со највисок ризик од заболување од беснило.

Во дури 99 отсто од случаите , за пренесување на овој вирус на човек, одговорни се домашните кучиња. Последен пат беснило во Британија било регистрирано во 2012 година, кога британски државјанин бил гризнат од куче во јужна Азија.

Беснило е вирусна инфекција која го зафаќа мозокот и централниот нервен систем, а се пренесува преку гриз или гребаница од заразено животно. Нема документирани примери на пренесување беснило од човек на човек преку контакт.

Првични симптоми може да бидат анксиозност, главоболка и треска, а како напредува болеста, може да се појават и халуцинации и респираторни проблеми, како и грчење на мускулите за голтање, кое му отежнува на пациентот да внесува течности.

Спонзорирано: