(Видео) НАСА објави прво видео со висока резолуција од вселената

НАСА почна на „Јутуб“ да објавува видеа од вселената во висока резолуција – 8К.

Првото вакво видео е снимено на Меѓународната вселенска станица, која дава сосема нов поглед на бурата, Месечината, па дури и на научните експерименти.

„На новото видео деталите се видливи повеќе од кога било. Технологијата на камерата продолжува да напредува, а можноста да ја видиме планетата на толку детален начин е добра работа“, вели Дилан Матис од НАСА.

(Makfax)