13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАР

Колку километри може да поминете на резерва?

Постојат два видови возачи. Оние кои уредно ги полнат резервоарите од своите автомобили штом ќе испразнат половина резервоар, и оние кои речиси секогаш возат на резерва.

Доколку спаѓате во втората група, веројатно веќе знаете колку километри вашиот автомобил може да помине откако ќе се вклучи сијаличката за предупредување за гориво, но во случај да не го знаете тоа, тука е страницата Tank od Empty.

Овој несекојдневен сервис веќе со години собира информации и податоци од корисниците, а бидејќи е најпопуларен во САД, можеби во базата на податоци и нема да го пронајдете сопствениот европски модел.

Нека не ве разочарува тоа, бидејќи возењето на резерва баш и не спаѓа во најпаметните потези.

Во просек, повеќето автомобили на резерва може да поминат околу 60 километри.

Спонзорирано: