20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Кога ова ќе го исфрлите од куќата влегувате во нов живот: Три работи кои привлекуваат несреќа

Секојдневно со себе носиме непотребен животен товар и бројни лоши навики поради кои често се чувствуваме празно, несреќно и неисполнето.

Како би ја задржале позитивната енергија која ни е потребна да бидеме среќни, потребно е во животот да направиме мали – големи промени.

Ви претставуваме три едноставни работи од кои морате да се откажете како би биле посреќни и позадоволни.

1. Потрага по совршенство

Совршена работа, совршен брак, совршено семејство, совршено тело… сè тоа се цели по кои тежнееме, а кои всушност не постојат. Иако ни се чини дека тревата во соседниот двор е секогаш позелена, станува збор само за привид. Ништо околу нас не е совршено и никој нема совршен живот како од филмовите и затоа важно е да не трагате по совршенство и да уживате во малите работи.

2. Негативен став

Психолозите објаснуваат дека негативните мисли и песимизмот значително влијаат на нашето расположение, а со тоа и на нашата среќа. Нашите животи се преполни со негативни настани и ситуации кои често не можеме да ги избегнеме, туку мораме да се носиме со нив, па дополнителни негативни мисли навистина не ви се потребни. Кога нареден пат ќе имате негативно мислење за себе, својата работа, партнерот или некој друг животен аспект, застанете и обидете се да пронајдете позитивна страна во сè. Ќе видите дека навистина постои.

3. Живот во минатото

Натрупувањето негативни чувства најчесто е предизвикано од размислувањата за минатото. Било да се работи за фразите „барем тогаш да…“ и „можев…“ или пак страдањето по поранешна врска, работно место, начин на живот, животот во минатото секогаш повлекува негативни чувства на тага и разочарување. За да бидете посреќни, важно е минатото да го оставите зад себе и да уживате во она што е покрај вас или што ве чека. Минатото не можете да го промените, сегашноста зависи од вас и затоа е важно да ја искористите на позитивен начин.

Спонзорирано: