10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите за растот на БДП со ребалансот на буџетот што попладнево беше усвоен од страна на Собранието.

Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, целта на ребалансот е да се направат корекции на расходната страна за да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел отплата на дел од долговите.

„Се обезбедува финансиска поддршка на општините во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните а неплатени обврски на општините и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита“, рече Тевдовски.

Владата усвои предлог-законско решение со кое овие средства треба да бидат сразмерно распределени на општините, во износ од 51 отсто од пријавените доспеани, а неисплатени обврски. Со законското решение, како што тврди власта, ќе се постави и механизам за спречување на можноста за трупање неплатени обврски во општините.

Од министерството за финансии велат дека со ребалансот приходната страна на Буџетот е незначително коригирана, за 0,5 отсто надолу. Како што тврдат, ова е резултат на намалувањето на приходите што ги остваруваат буџетските корисници на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси.

Расходната страна на Буџетот е коригирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 проценти. Нивото на буџетски дефицит е задржано на 2,7 проценти од БДП, со што Министерството појаснува дека се задржува определбата за постепена фискална консолидација.

Со Предлог-ребалансот ревидирана е проекцијата за раст на БДП на 2,8 од претходните 3,2 проценти. Како што посочуваат од Министерството за финансии, намалувањето на растот се должи на блокадата за влез во НАТО и ЕУ од страна на опозицијата.

Спонзорирано: