11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Колач ледено небо: Најкремастиот десерт на светот, се подготвува за миг!

Совршен спој од бела кора, жолт крем и шлаг… Колачот Ледено небо е најдобриот начин да се разладите ова врело лето!

Состојки за кора:

7 белки
7 лажици шеќер
7 лажици остро брашно
2 дл млеко
Состојки за крем:

7 жолчки
7 лажици шеќер
6 лажици остро брашно
3 кесички ванилин шеќер
7 дл млеко
250 гр маргарин
2 кесички шлаг
Начин на подготовка:

Разматете ги белките во цврст снег. Постепено додајте шеќер и продолжете да матите. Потоа додајте брашно и лесно измешајте. Смесата излејте ја во калап и печете околу 20 минути на 150 степени. Кога кората ќе биде готова, прелијте ја со 2 дл топло млеко.

За кремот разматете жолчки со шеќер и ванилин шеќер. Одвојте малку млако млеко и додајте го во смесата и на крај добро измешајте го брашното да нема грутки. Згответе ја смесата во преостанатото млеко со постојано мешање додека не згусне.

Кремот оставете го да се излади, па соединете го со маргарин. Рамномерно премачкајте преку изладената кора, а преку распоредете разматен шлаг. Пред послужување добро изладете.

Уживајте!

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Одлична комбинација: Чоколаден колач со кикиритки

M T

Украина: Силна експлозија одекна во центарот на Мелитопол

M T

Четворица цивили загинаа во руски напад врз центар за помош

M T

Biznispro: Граѓаните се ослободуваат од печките на пелети, огласниците полни – цената стигна над 320 денари за вреќа

CENTAR MKD

Брз и лесен рецепт: СЛАТКА КОМПИР ТОРТА со многу чоколадо

M T

Во Центар поставена првата еко-новогодишна елка

M T