19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

ИЗРАДУВАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА – НАПРАВЕТЕ САМИ: Новогодишен камин од картон и хартија во боја (ФОТО)

Можеби е рано, а можеби и не. На рафтовите на маркетите веќе се појавуваат новогодишни производи, а ние сме тука да ви понудиме интересни идеи за тоа како да го декорирате вашиот дом за новогодишните празници и да ја искусите магијата на периодот што следува.

Празниците ни пристигнуваат.

Време е да го украсиме својот животен простор и да го направиме поубав и позабавен.

Еве една супер забавна идеја како да ги израдувате своите деца.

Погледнете како да направите камин од картонски кутии.

Прв чекор е да набавите неколку стари картонски кутии од кои ќе ја направите структурата на саканиот облик и големина.

Следниот чекор е да залепите обична бела хартија на картонските кутии и над белата хартија налепете црвен колаж во форма на тули.

Спонзорирано: