10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Чили од месо: Мексиканско јадење кое ќе го обожава целото семејство!

Пикантно, вкусно јадење кое ќе ве освои!

Состојки:

2 црвени пиперки
2 жолти пиперки
2 зелени пиперки
2 средни праза
500 мл доматен сос
2 конзерви црвен грав
2 конзерви шери домат
ориз
1 павлака
3 големи лажици кумин
1 лажица лута пипер
сол
бибер
500 гр мешано мелено месо
Начин на подготовка:

Во поголем лонец на малку масло пропржете ситно сечкан праз, па кога ќе се издинста ставете го меленото месо. Кога месото ќе се испржи, додајте ситно сечкани пиперки. Кога пиперките ќе омекнат, додајте конзерви шери домати, кумин, сол, бибер и лута пипер. Јадењето нека крчка на тивок оган околу час и половина. Пред самиот крај, ставете две конзерви црвен грав и измешајте. После десетина минути тргнете го јадењето од шпорет да се излади.

Оризот згответе го со малку сол.

Јадењето послужете го така што на чинијата прво ќе ставите ориз и ќе го прелиете со чили од месо и од страна ќе ставите лажица павлака.

Уживајте во ова преубаво јадење!

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Највкусна кога ќе преноќи: Рецепт за розен торта

M T

Ред месо, ред леб: Направете вкусен босански мелез

M T

ИДЕЈА ЗА РУЧЕК – Кнедли полнети со мелено месо

M T

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

M T

Еве зошто се дебелееме кога јадеме доцна

M T

Домашен рецепт за НАЈДОБРИОТ АЈВАР кој никогаш не разочарува

M T