21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Четвртиот амандман на Уставот денеска на седница на Комисијата за уставни прашања

Во Собранието денеска продолжува расправата на Комисијата за уставни прашања на чии дневен ред е последниот, односно четвртиот предлог-амандман што произлезе од потребата за имплементација на договорот за името меѓу Скопје и Атина.

Четвртиот предлог-амандман се однесува на правата и грижата на Македонија за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.

Со Комисијата за уставни прашања претседава, собранискиот спикер Талат Џафери. Претходните неколку дена во Собранието, на комисиката расправа поминаа трите нацрт-амандмани кои Владата пред околу една недела ги достави до Собранието.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 1 декември ја закажа седницата за нацрт-амандманите на Уставот.

Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно. Во последната фаза од постапката за менување на Уставот, повторно е потребно двотретинско мнозинство. Според роковите, очекувањата се целиот процес на усвојување на уставните измени да заврши во втората половина на јануари 2019 година.

Измените на Уставот се очекува да стапат на сила откако грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот помеѓу Македонија и Грција, како и откако Грција ќе го ратификува протоколот за пристап на Република Македонија во НАТО.

Спонзорирано: