8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

БРЗА ТОРТА НАПОЛИТАНКА: Толку едноставен десерт што можат да го прават и деца!

Брзо, вкусно и неодоливо! Одличен десерт ако немате многу време за подготовка на нешто вкусно…

Состојки:

8 белки
8 лажици шеќер
12 лажици мелени ореви
2 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
Состојки за фил:

2 кесички пудинг од ванила
375 гр маргарин
200 гр шеќер
500 гр наполитанки од лешник
200 гр чоколадо
2 шлага
Начин на подготовка:

Разматете ги белките и додајте ги сите наведени состојки за кора. Испечете кора на средна температура.

За филот згответе пудинг во млеко со шеќер. Кога ќе се излади, додајте маргарин и убаво соединете.

Поделете го филот на два дела. Во едниот дел ставете издробени наполитанки, а во другиот растопено чоколадо. Филувајте по следниот редослед: кора, фил од наполитанки, фил од чоколадо. Разматете шлаг и распоредете го од горе и од страните.

Послужете и уживајте

Можеби ќе ве интересира

Највкусна кога ќе преноќи: Рецепт за розен торта

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

M T