12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Продолжува расправата за ребалансoт на буџетот

Во Собранието за денеска е најавено продолжението на расправата по предлог измените и дополнувањата на Буџетот, на второ читање.

Согласно деловникот, расправата што започна вчера, може да трае најмногу три дена.

Претходно, министерот за финансии, Драган Тевдовски образложи дека ребалансот се базира на проекција за раст на БДП од 2,8 проценти, а буџетскиот дефицит е нерпоменет. Тој рече дека ребалансот опфаќа и подобрување на фискалната позиција на општините, за што се предвидуваат три милијарди денари.

Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта со ребалансот значително ќе ги скрати средствата, најмногу во здравството и образованието.

Спонзорирано: