9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Најдобриот рецепт за слатко од сливи: Секоја вистинска домаќинка треба да го знае!

Слаткото од сливи е еден од омилените десерти кои се добиваат од ова овошје. Искористете ја сезоната на сливи на најдобар можен начин!

Состојки:

  • 1 кг исчистени сливи
  • 1 кг шеќер
  • 1 дл вода
  • 1 лимон
  • стапче ванила
  • 1 л вода
  • 10 гр сода

Начин на подготовка:

Во голем сад налијте литар вода и додајте сода бикарбона. Излупените сливи потопете ги во растворот и оставете ги да отстојат еден час, со повремено мешање.

Измешајте шеќер со шолја вода и направете сируп. Во него додајте исечен лимон и стапче ванила и исчистени сливи и сè заедно крчкајте на средна температура.

Се препорачува смесата да не ја мешате, туку од време на време да ја протресувате во текот на готвењето.

После 45 минути проверете дали слаткото е готово. Доколку не е, крчкајте уште десетина минути, додека смесата не се згусне.

Разладеното слатко ставете го во тегли!

Можеби ќе ве интересира

Највкусна кога ќе преноќи: Рецепт за розен торта

M T

Домашен рецепт за НАЈДОБРИОТ АЈВАР кој никогаш не разочарува

M T

Направете сами ТОРТИЉА ЧИПС: Едноставен рецепт, а за многумина омилена закуска

M T

Совршени со филм или добра книга: Уживајте во овие домашни кифлички

M T

Вкус кој долго ќе се памети: Гравче со месо печено во рерна

M T

МИРИЗЛИВИ И МЕКИ – Рецепт за домашни солени кифлички

M T