8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Има ли притвор за Камчев?

По 10 часа од почетокот сѐ уште трае распитот по ново отворениот предмет од страна на СЈО со кодно име „Империја“.

Според информациите на ТВ 21, за познатиот бизнисмен Јордан Камчев бил одреден притвор од 30 дена.

Инаку претходно СЈО соопшти дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денес е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство.

Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.

Независен весник: За притвор ќе се одлучува откако ќе заврши распитот

Доцна вечерва заврши распитот на бизнисменот Орце Камчев пред судија на претходна постапка. Освен Камчев распитот заврши и за осомничениот Ненад Јосифовиќ, а во текот на ноќва на распит се и осомничените Зорица Арсовска, Цветан Панделески и Тодор Мирчевски кои СЈО кривично ги гони во предметот со кодно име „Империја“, објави Независен.

Откако ќе заврши распитот на овие петминаосомничени судијката на претходна постапка Весна Димишкова треба да го изготви решението односно да одлучи дали ќе им одреди притвор на Камчев и неговите бизнис соработници осомничени во овој случај за кои се бараат мерки за обезбедување.