4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски не дојде на Комисија за уставни измени

Експремиерот Никола Груевски не се појави на Комисијата за уставни измени, каде денеска се раправа за третиот нацрт-амандман во втората фаза од процесот за уставните измени. Претходно Груевски побара одложување на затворската казна, а како причина неофицијално ги навел пратеничките обврски на седниците за измените на Уставот.

Тој до утрово не се пријави ниту во затворот во Шуто Оризари каде треба да ја отслужува затворската казна во времетраење од две години за предметот „Тенк“ поврзан со набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Кривичниот совет вчера ја потврди одлуката на судијата за извршување на затворската казна.