5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанија забрани влез во земјата за пеесетина Грци, ситуацијата тензична

Албанските власти забранија влез во земјата за 52-ца Грци обвинети за „екстремистичко однесување” на погребот на убиениот Грк. А соседните медиуми пишуваат дека ситуацијата меѓу двете земји станува се по тензична.

Припадници на албанската полиција минатитот месец убија Грк недалеку од границата на двете држави, откако тој претходно отворил оган кон нив.

Константинос Кацифас (35) со „калашников“ пукал кон албански полицајци кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат, недалеку од границата со Грција.

Инцидентот се случил во моментот кога жителите на ова село, од кои мнозинството Грци, го одбележувале влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година. Откако пукал, Кацифас избегал во шумата во близина. Полицајците успеале да го стигнат по што почнала престрелката во која тој бил убиен.

Овој инцидент предизвика повторно дипломатски тензии меѓу двете соседни земји.

„Нивното неподносливо екстремистичко однесување го поткопува суверенитетот, како и националната и јавната безбедност”, рече официјалниот претставник на албанското Министерство за внатрешни работи, Александар Лешај.

Грчкото Министерство за надворешни работи потоа објави дека очекува подетални објаснувања од страна на албанските власти за донесување таква одлука.

Спонзорирано: