(Видео) Уапсените во истрагата „Империја“ на СЈО донесени пред суд

Уапсените во новата истрага отворена од страна на СЈО под кодното име „Империја“ почнаа да се изведуваат пред судот.

Од СЈО официјално не ги потврдуваат имињата на приведените, а според неофицијални информации меѓу нив е бизнисменот Орце Камчев.

Новата истрага на СЈО е поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители, дознава „Макфакс“. Меѓу уапсените е и Цветан Панделески, кој е бизнис-партнер на Камчев и татко на Дејан Панделески, кој е кумашин на поранешиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Новата истрага страна на СЈО под кодното име „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Тие се товарат поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“.

„Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“, стои во соопштението на СЈО.

(Makfax)