15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Тројца најсреќни учесници на наградната игра на ЕВН добија iPhone 8

Наградната игра на ЕВН за промоција на e-фактура заврши со извлекување на среќните добитници на 3 телефони iPhone 8. Стојанова Надица од Штип, Александар Цониќ од Куманово, Стамчевски Стојанче од Скопје се дел од илјадниците корисници кои од 24 септември до 31 октомври за прв пат се пријавија за добивање на електронска фактура преку страницата www.evnonline.mk, но имаа најмногу среќа во оваа наградна игра.

Извлекувањето на добитниците се одржа во просториите на ММС Комуникации Македонија, преку специјално креиран софтвер кој по случаен избор ги извлече тројцата победници. За следење на процесот беше формирана и комисија составена од три члена. Добитниците на iPhone 8 се објавени на evnonline.mk.

Наградната игра се организираше во рамки на сеопфатната промоција на онлајн услугите на ЕВН. Оваа промоција го зголеми интересот кај корисниците да ги користат поволностите кои ги нуди услугата е-фактура, а тоа е навремено и безбедно добивање на сметките за потрошена електрична енергија и избегнување на чекање на ред на шалтери. ЕВН и понатаму останува посветена на креирање на услуги за олеснето добивање и плаќање на сметките за потрошена електрична енергија.

Спонзорирано: