12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сојузникот на Меркел бара доживотна забрана за влез во ЕУ на мигранти осудувани за тешки кривични дела

Генералниот секретар, Анегрет Крамп-Каренбауер, која исто така изминативе неколку дена се споменува и како можен наследник на германската канцеларка Ангела Меркел, предложи доживотна забрана за пристапување во Европа за барателите на азил осудени за тешки кривични дела.

Таа за Франкфуртер алгемајне цајтунг, изјави дека таквата забрана ќе се однесува на мигранти кои биле депортирани по издржување казна затвор.

Според неа, забраната треба да важи за сите 26 земји во Шенген зоната, објави АП.

Таа во својата изјава се повика на случајот со наводното силување во Фрајбург минатиот месец, за што беа обвинети неколку мажи од Сирија, а за главниот осомничен, исто така, беше распишана и потерница поради употреба на дрога.

АП наведува дека Крамп-Каренбауер е едена од главните кандидати за наследник на Меркел на чело на Христијанско-демократската унија.

Спонзорирано: