11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во средно училиште во Северна Каролина

Полицијата во Северна Каролина реагираше утрово на пријавите за напаѓач во средното училиште „Топсеил“, во близина на градот Вилмингтон. Според извори од полицијата, местото на настанот е „сé уште активно“.

Локалната полиција која одговори на повикот од училиштето околу 6:30 во петокот наутро се обидува да го приведе напаѓачот.

Според неофицијални извори напаѓачот најверојатно се наоѓа на покривот на училиштето. Училиштето „Сурф Сити“ кое се наоѓа на околу 10 километри оттаму, исто така, беше затворено како мерка на претпазливост.

Во февруари еден ученик од „Топсеил“ бил обвинет дека на социјалните медиуми се заканувал дека ќе изврши напад во училиштето. Во мај училиштето било затворено поради тоа што друг ученик со себе носел ловечки нож.

Спонзорирано: