12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Популистички партии во водство во Франција, Унгарија и во Италија

Најновите анкети покажуваат голем пораст во поддршката за популистичките антимигрантски партии во Франција, Италија и Унгарија, а партиите што се просуверенитетот им се сега клучни ривали на изборите за Европскиот парламент следната година, пренесува „Брејтбарт“.

Унгарската национална анкета објавена претходно неделава, спроведена од „Медијан“, покажува дека Фидеш, партијата на премиерот Виктор Орбан, заедно со нивните сојузници Христијанско-демократската народна партија, го зголемиле своето веќе огромно водство над своите ривали на вкупно 63 отсто, а втората најпопуларна партија Јобик има поддршка од само 11 отсто.

Во Италија, популарноста на популистичкиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ја продолжува доминацијата на Лига во анкетите каде што партијата постојано ги надминуваа своите коалициски партнери, Движењето Пет ѕвезди, од јули.

Салвини се покажа дека е политичар со најголема доверба во Италија, според анкетата од весникот „Џорно” објавена во јули. Движењето Пет ѕвезди и неговиот лидер Луиџи ди Мајо, во меѓувреме, се бореа да ги спроведат своите економски реформи, кои вклучуваат основен приход за граѓаните поради отпорот од Европската комисија.

Анкетата на „Ното“ покажува дека Лига ужива поддршка од 31 отсто, четири отсто пред Движењето Пет ѕвезди со 27 отсто и 13 отсто пред Демократската партија.

Во Франција, популарноста на претседателот Емануел Макрон во последниве неколку месеци опадна на најниско ниво од само 21 отсто во анкетата објавена минатата недела. Падот на популарноста, исто така, влијаеше и врз Макроновата La République En Marche!, која сега е зад популистичката Rassemblement National на Марин ле Пен.

Следните големи избори во сите три земји ќе бидат во мај следната година, кога членките на Европската Унија ќе гласаат на следните избори за Европскиот парламент. Истражувањето на „Елабе“ за парламентарните избори, исто така, покажува дека партијата на Ле Пен е во мало водство пред партијата на Макрон.

Анкетите, исто така, доаѓаат откако се формираа сојузи меѓу конзервативните и популистичките лидери во Унгарија, Италија и во Франција. Во август, Салвини се состана со Орбан бидејќи и двајцата се обврзаа да формираат популистички фронт против глобалистите во Европската Унија.

Минатиот месец Салвини се сретна со Марин ле Пен во Рим најави можност за „слободарски фронт” за обединување на популистите во Европскиот парламент. Додека некои повикуваат Орбан и Фидеш да бидат исфрлени од парламентарната група на конзервативната Европска народна партија (ЕПП), изгледите за алијансата Орбан-Салвини-Ле Пен може да станат реалност.

Спонзорирано: