19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Милошоски „му упадна“ на вицепремиерот Анѓушев во среде емисија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, го гледал на телевизија во живо гостувањето на вицепремиерот Кочо Анѓушев во емисијата „Само Вистина“ и му искоментира како обичен гледач на кајронот.

– “Г-н Анѓушев, наместо да ги оптоварувате граѓаните со нови давачки, ќе бидете ли љубезен да објасните кога ќе почнете со проектот поврат на 15% ДДВ, што заедно со Заев го ветивте пред изборите”, праша Милошоски вчера при гостувањето на вицепремиерот.

– “Пред било која реформа да ја направите потребна е опширна анализа, таа анализа се прави во Министерството за Финансии. На Економскиот Совет сме ја разгледувале и мислам дека министерството за финансии ќе излезе со таква анализа и ќе го каже ставот по тоа прашање. Не би можел конкретно да ви одговорам за таа реформа, сепак е во ингеренции на министерството за финансии, но да ги видиме анализите, да ги видиме математиките, тоа се однесува на граѓаните кои трошеле и плаќале ДДВ сметки, нешто да им се врати, на некој начин и да се зголеми фискалната дисциплина. Не би можел да кажам кога ќе биде тоа, но еве пак да потенцирам тоа е сепак во ингеренции на министерството за финансии, тие имаат тим кој работи на тоа прашање”, одговори Анѓушев на Милошоски откако го забележа поставеното прашање.

Спонзорирано: