13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски со моќна порака до најголемото политичко младинско движење СДММ!

– 27 години постоење на Социјалдемократската младина на Македонија, значат 27 години авангардност, младост, борбеност, убавина, развој, напредок, љубов и другарство!

Низ оваа младинска организација поминале многу успешни политичари на денешнината, а оние кои се денес во истата, несомнено ќе бидат политичари на утрешнината!

Драго ми е што долго бев дел од СДММ, всушност драго ми е што израснав во таа здрава средина со многу мои и денешни колеги!

Драги млади социјалдемократи, честит роденден на СДММ, ви посакувам големи успеси во иднина кои ќе се паметат како значајни историски моменти за доброто на нашата Македонија, порача Александар Кирацовски генерален секретар на СДСМ по повод роденденот на најголемото младинско политичко движење во Македонија.

Спонзорирано: