9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Кина мора да стави крај на затвореничките кампови во Сјинџијанг

Законодавците од власта и опозицијата во Германија ја повикаа Кина да стави крај на репресивната политика која ја води против муслиманите во северозападен Сјинџијанг.

Опозицијата „Зелена партија“ ги обвини властите во Кина за сериозно прекршување на човекови права, присилна политичка доктрина и постојан надзор на регионот.

„Приближно еден милион лица без причина се приведени во затворенички кампови во североисточниот кинески регион Сјинџијанг“, изјави Маргарет Баузе од „Зелената партија“ за време на една парламентарна дебата во врска со ситуацијата нарушување на човековите права во Сјинџијанг.

Баузе упати остри критики до властите кои вршат репресивна политика во однос на верската слобода.

„Молењето е забрането, џамиите – демолирани. Целта на овие мерки е системско елиминирање на културата и идентитетот на Муслиманското малцинство во Сјинџијанг“, додава таа.

Штефан Либих од опозициската левичарска партија изјави дека приведувањето на еден милион луѓе во затворенички кампови во Сјинџијанг е неприфатливо. Либих додава дека е разбирливо дека Кина стравува за стабилноста на земјата и заканата од тероризам.

„Сепак, тоа не е оправдание за постојан надзор, шпионирање, затворенички кампови и измачување“, посочи Либих.

Михаел Бранд, од партијата „Христијанска демократска унија“ на канцеларката Ангела Меркел, даде ветување дека владата ќе продолжи да работи на прашањето за човековите права.

„Под изговор дека се работи за борба против тероризам, бруталната репресија и нарушувањето на човековите права продолжува во Сјинџијанг“, посочи Бранд.

Бранд упати критика до властите на Кина кои тврдат дека затвореничките кампови се всушност „ стручни образовни центри“ и нагласи дека овие објаснувања се далеку од веродостојни.

Chancellor Merkel’s coalition partner the Social Democrat Party (SPD) backed calls on China to close the camps.

Коалицискиот партнер на Меркел СДП, се придружи кон повиците за Кина да ги затвори овие кампови.

„Кога ги читаме извештаите од активистите за човекови права, се здобиваме со впечаток дека Сјинџијанг се претвора во затвор на отворено“, вели Франк Швабе од Социјал-демократската партија.

Спонзорирано: