9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Како заработуваат Вилијам, Кејт, Хари и Меган

Британското кралско семејство е едно од најбогатите во светот, а кралицата Елизабета е во врвот на најбогатите монарси на нашето време. Нејзините потомци и роднини исто така имаат многу пари, но, спротивно на верувањето на многумина, принцовите и принцезите кои не се директни потомци на круната сепак треба да работат.

На пример, иако се внуки на кралицата, принцезите Беатрис и Евгенија се ангажирани на вообичаени работни места. Принцезата Беатрис работи во софтверска фирма неодамна промовирана во Лисабон, каде што се дружеше со Јелена Ѓоковиќ. Принцезата Евгенија е директор на уметничка галерија.

Принцовите Чарлс, Вилијам, Хари и нивните жени се вработени во кралската палата и нивната работа е да го промовираат кралството. Од страна на кралицата Елизабета доделени им се бројни задачи, па така одат на хуманитарни настани, отвораат училишта, болници, се грижат за фондации и го посетуваат целото кралство за да им се доближат на обичните смртници.

Нивните патувања, облека и други трошоци делумно се покриени од страна на даночните обврзници, а исто така имаат и приватна сопственост, како и наследство од принцот Чарлс. Вилијам и Хари го имаат наследството на нивната покојна мајка Дајана.

Од ноември минатата година, дел од нив е и Меган Маркл. Поранешната актерка, освен од даночните обврзници, сè уште заработува сопствени пари. Иако таа ја напушти актерската кариера, нејзините сцени сè уште се појавуваат и парите се слеваат на нејзината сметка. Пред да се омажи ја продаде куќата во Канада, па затоа на нејзината сметка има 1,6 милиони долари.

Иако многумина ги нарекуваат паразити, британските принцови и принцези навистина остваруваат добивка во својата земја. Некои истражувања покажуваат дека кралското семејство е еден од најважните брендови на Велика Британија и има огромно влијание врз туризмот. На пример, свадбата на Хари и Меган на Велика Британија и донесе приход од 500 милиони фунти.