19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот без електрична енергија ќе останат повеќе општини во Скопје.

Во периодот од 8.30 до 12 часот без струја ќе останат корисниците на улицата Серава, улицата Џон Кенеди, поточно делот кај „Т-мобиле“ во општина Чаир.

Понатаму, како што информираат од ЕВН, во периодот од 9 до 15.30 часот без струја ќе бидат и некои од корисниците од дел од улицата Ѓорче Петров, во општината Ѓорче Петров, а во периодот од 9.30 до 14 часот без струја, исто така во општина Ѓорче Петров, ќе бидат и корисниците од дел на улицата Борис Сарафов, спроти поранешната полициска станица, зградите број 2 и 4, дел од улицата Крсто Раковски, како и дел од булеварот Партизански одреди, делот кон ЈСП „Скопје“.

Во период од 10 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата Сава Ковачевиќ во населбата Синѓелиќ, општина Гази Баба.

Во периодот, пак, од 10.30 до 13 часот, како што информираат од ЕВН, без струја ќе бидат и корисниците од дел од улицата Козара и улицата Шарски одред во општина Центар.

Спонзорирано: