9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Братот на Борис Џонсон поради „брегзит“ поднесе оставка од министерската позиција

Британскиот министер за транспорт, Џо Џонсон, поднесе оставка и побара од јавноста повторно да се разговара за „брегзит“, објави Би-би-си.

Џо Џонсон, всушност, смета дека преговорите за „брегзит“ кои ги води Тереза ​​Меј со Европската унија се движат во погрешна насока и дека таков договор ќе биде голема грешка.

Тој верува дека Велика Британија се соочува со најголемата криза од Втората светска војна и дека она што ЕУ го нуди како дел од преговорите не кореспондира со тоа што им било ветено на граѓаните.

Џо Џонсон гласаше за тоа Велика Британија да остане во рамките на ЕУ на референдумот во 2016. година, за разлика од неговиот брат Борис, кој беше еден од најгласните поборници за „брегзит“. Неговиот брат Борис Џонсон, поранешен министер за надворешни работи, поднесе оставка во јули.

Борис Џонсон ја пофали одлуката на својот брат и рече дека тие двајца се обединети во несогласувањето за тоа како Тереза ​​Меј ги води преговорите.

Министрите неделава беа поканети да го проучат британскиот нацрт предлог за „брегзит“ кој би требало да и биде претставен на Унијата. Тереза ​​Меј тврди дека преговорите се приближуваат кон крајот и дека е постигната согласност за околу 95% од прашањата.

Спонзорирано: