17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Адеми на амбасадорот Сера му предложи директна соработка меѓу филхармониите на Македонија и Шпанија

Министерот за култура, Асаф Адеми, оствари работна средба со шпанскиот амбасадор во земјата, Емилио Лорецо Сера.

Како што информираат од Министерството, Адеми нагласил дека културната соработка меѓу Македонија и Шпанија е на солидно ниво, со континуирано претставување на македонската и шпанската култура во двете земји, при што ја истакнал и важноста од нејзино продлабочување преку поголема размена на експерти, уметници и проекти.

Министерот предложил воспоставување директна соработка меѓу филхармониите на двете земји, што би резултирало со реализација на заеднички проекти и гостувања на оркестрите и диригентите. Исто така, тој му предложил на амбасадорот Сера и воспоставување директна соработка меѓу Музејот на современата уметност од Скопје со некој од музеите во Шпанија кои ја третираат современата уметност, како: Музејот на современата уметност од Барселона, Музејот за современата уметност „Естебан Висенте“ од Сеговија, Институот за модерни уметности во Валенсија, „MACA-музејот за современа уметност“ во Аликанте.

Амбасадорот ја истакнал поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија.

Тој исто така ја пренел и заинтересираноста на Министерството за култура на Шпанија за воспоставување интензивни културни врски, кои би резултирале со поголема соработка меѓу установите од областа на културата, реализација на проекти и размена на уметници, а сѐ со цел поголема промоција на шпанската и македонската култура во двете земји.

Спонзорирано: