9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Жена ќе го замени Илон Маск на чело на компанијата „Тесла“

Производителот на електрични автомобили „Тесла“ денеска објави дека Робин Денхолм, главната финансиска директорка на австралискиот телекомуникациски оператор „Тестра Корп“, ќе го замени Илон Маск на местото претседател на бордот на компанијата.

Денхолм ќе ја напушти функцијата финансиски директор и шеф на стратегијата на „Тестра“ по истекот на шестмесечниот отказен рок кој ѝ го дала таа компанија, се наведува во соопштението на „Тесла“, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Производителот на електрични возила додаде дека Денхолм како шеф на „Тесла“ ќе има договор со полно работно време.

Таа, според соопштението, привремено ќе се повлече од функцијата претседател во ревизиската комисија на „Тесла“, додека не ја напушти австралиската фирма.

„Тесла“ се соочуваше со сериозни проблеми во изминатите неколку месеци, поради контроверзните твитови на Маск дека обезбедил финансирање за приватизација и повлекување на компанијата од берзата, што подоцна беше одречено.

Спонзорирано: