21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Протест пред домот на Мукоски: Со свеќи и оро му порачаа да не го менува името на државата

Со запалени свеќи и патриотски песни вечерва се протестираше пред домот на пратеникот Крсто Мукоски, кој во Собранието гласаше за почнување на процесот за уставниte измени.

Со автобус од Скопје партијата Единствена Македонија транспортираше голем дел од демонстрантите, а присутни беа и жители на Вевчани, каде што живее Мукоски.

Кога демонстрантите пристигнаа, Мукоски ги пречека, некои од нив влегоа во неговиот дом, а другите играа оро пред куќата со свеќи во рацете.

Протестот е дел од кампањата „Македонија блокира“. Демонстрантите пред домот на Мукоски пееја: „Едно име имаме“ и му порачаа да не го менува името на државата.

В сабота „Македонија блокира“ ќе одржи протест и пред домовите на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои исто така дадоа поддршка за почнување на процесот за уставните измени. Тројцата пратеници се обвинети и за крвавиот четврток на 27 април во Собранието.

Спонзорирано: