9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Костадинов: Протестите потврдуваат – пионот Мицкоски го брани криминалот на Груевски

Единствениот фокус на антизападниот пион Христијан Мицкоски останува одбраната на криминалот на Никола Груевски.Протестите пред Судот во Скопје и собирите пред домови на пратеници, организирани од антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат тоа, ја покажуваат спрегата Мицкоски-Груевски.

На протестот пред судот неслучајно беа присутни пратеници и членови на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Според него, Драган Данев, Јохан Тарчуловски, Невенка Стаменковска, Зоран Илиоски, се само дел од функционерите на антизападната ВМРО-ДПМНЕ кои синоќа го бранеа криминалот на нивниот ментор Груевски.

,,Протестот беше предводен од Александар Трајковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и еден од обвинетите во случајот насилство во Општина Центар, предмет каде што меѓу обвинетите е и Никола Груевски.Со синоќешните протести пред домовите на пратениците се докажа дека ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се далбоко заглавени во матрицата на Никола Груевски.Пионот Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој цели 11 години се служеше со овие идентични методи.

Наместо за иднината на државата, наместо за интересите на граѓаните, Мицкоски мисли исклучиво на иднината на Никола Груевски. Затоа Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и НАТО.Пионот Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да разберат дека нема да можат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Никола Груевски.Правда ќе има. Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво.Ги повикуваме и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат овие деструктивни политики и да се приклучат во процесите во Собранието кои обезбедуваат членство во ЕУ и НАТО”, додаде Костадинов.

Спонзорирано: