19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Демонстрации во Скопје поради Груевски

Иницијативата „Правда за Никола Груевски“ достави барање до претседателот Ѓорге Иванов за прекин на, како што велат, политичкиот прогон.

„Како што кажав пред судот на протестот, дојдов во кабинетот на Иванов, каде што во име на иницијативата ‘Правда за Никола Груевски’ ќе доставам писмо за политичкиот прогон. Упатуваме барање до Иванов во согласност со Уставот политичкиот прогон во Македонија да биде прекинат. Да се стави крај на целиот политички прогон“, рече Александар Трајковски.

Тој рече дека СЈО е противуставно. „Сите докази се незаконски стекнати материјали“, рече Трајковски одговарајќи на прашањето за кои случаи бараат од Иванов да го запре прогонот.

„Дивеењето во Скопје, уништувањето државен имеот, палењето на канцеларијата на Иванов, нема ниту една пресуда на некое дело. Чекаме да видиме Иванов како ќе се изјасни“, додаде Трајковски запрашан што очекуваат од Иванов.

Тој најави дека протестите ќе продолжат, но не дефинира кога. Пред да се упатат кон кабинетот на Иванов, демонстратите протестираа пред кривичниот суд. Меѓу нив имаше и членови и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: