11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Важна вест за возачите: Во недела сообраќајот во Скопје ќе се “поремети”

Градот Скопје ја информира јавноста дека во недела (11.11.2018 година), поради одржување на две манифестации ќе се воведе привремен сообраќаен режим на повеќе сообраќајници во различни периоди од денот.

Во периодот од 12 до 12:30 часот, поради одржување на манифестацијата „Скопје на точак 2018“, ќе се воведе сообраќаен режим по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедското дефиле.

Возењето велосипед ќе се одвива по бул. Илинден, од фонтаната „Лотосов цвет“ до крстосницата со ул. Љубљанска (кај ТЦ „Скопје Сити Мол“), потоа по ул. Љубљанска и ул. Московска (студентски дом „Гоце Делчев“). Возењето понатаму продолжува по бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, преку ул. Димитрие Чуповски и ул. 11 Октомври, до крстосницата со бул. Кочо Рацин. Караванот продолжува по бул. Кочо Рацин, бул. Крсте Петков Мисирков, кај ТЦ „Мавровка“ продолжува по бул. Гоце Делчев и завршува на бул. Илинден кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градски парк.

Наведените улици ќе бидат користени околу 30 минути и ќе бидат времено затворени кога ќе се движи караванот, со исклучок на бул. Илинден, кој на потегот од фонтана „Лотосов цвет“ до крстосницата со ул. Франклин Рузвелт ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 11:45 до 12:10 часот.

Во дадениот период автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 8 и 15а ќе бидат пренасочени по бул. Партизански одреди и ул. Франклин Рузвелт и понатаму продолжуваат по своите траси.

Вториот настан во недела е одржувањето на атлетска трка „13 Ноември“, поради која ќе се затворат неколку сообраќајници во централното градско подрачје во периодот од 15 до 16 часот. Трката ќе се одвива по следната траса: улица Филип Втори Македонски од хотел „Холидеј Ин“ до крстосницата со ул. 11 Октомври, по улиците 11 Октомври и Димитрие Чуповски до крстосницата со улица Даме Груев (кај ТЦ „Палома Бјанка“).

Поради овој настан ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег.

Во дадениот период автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50 ,57 и 59 од Бит-пазар ќе се движат право по бул. Кочо Рацин (Југо дрво), ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по ул. Даме Груев (зад Собрание), ул.11 Октомври, бул. Кочо Рацин и продолжуваат по своите траси.
Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 3, 3A, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 24, 25, 25А и 27 ќе се движат по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (ТЦ „Рамстор“) и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по ул. Даме Груев (зад Собрание на РМ) и ќе продолжат по своите траси.
Автобусите кои ја опслужуваат линија број 16 од Бит-пазар ќе се движат право по бул.„Кочо Рацин“ (Југо дрво) и ќе продолжи по своја траса и во двете насоки.
Во дадениот период автобусите кои ја опслужуваат линијата со број 17, ќе бидат пренасочени преку бул. Кузман Јосифовски Питу, по бул. Крсте Мисирков и ќе продолжи по својата траса.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници или други овластени службени лица, како и на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.

Спонзорирано: