3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Тричлено семејство загина среде пустелија во Австралија, автомобилот им бил во дефект

Три лица се загинати а едно момче е исчезнато откако нивниот автомобил имал дефект во сред пустелија во Австралија, пренесе Би-Би-Си.

Телата на двајца возрасни (19-годишни) и на нивниот три годишен син, биле најдени околу 4,5 километри од возилото. Нивната смрт полицијата не ја води како сомнителна, а се истражува дали топлината придонела за трагедијата.

Во тек е потрага за 12-годишно момче, за кое не е потврдено дали било член на семејството.

“Една од можностите што ги разгледуваме е дека тие излегле од возилото поради екстремните временски услови. Првично мислевме дека тоа е резултат на сообраќајна несреќа, но уверени сме дека не е”, изјавија од полицијата.

Случајот го пријавил непознат човек, кој, како што велат надлежните, ќе биде критичен дел од истрагата.

Температурите во регионот надминаа 40 степени во последниве денови, според Австралиското Биро за метеорологија.