10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Трагедија ја потресе во Македонија – еден загинат во тешката сообраќајка синоќа

Четириесет годишен жител на селото Мешеишта-општина Дебарца загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат село Подмоље-Кичево.

Несреќата се случила помеѓу автомобил „Цитроен ксара“ и мопед „АПН 4“ кој го управувал сега веќе загинатиот.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Спонзорирано: