3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на Партизанска

Во 07.40 часот на крстосницата од булевар „Партизански Одреди“ и улица „Никола Тесла“ во Скопје, патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Ј.Ј. од Скопје, удрило во велосипед управуван од 28-годишниот И.С. од село Волково, скопско.

Од ударот, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: