13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СДСМ: Во Гевгелија решен деценискиот проблем со водата

Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаат пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат, соопшти Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Пуштен е во употреба нов водоснабдителен систем, инвестиција вредна 1.7 милиони евра, преку кој се обезбедуваат дополнителни количества чиста вода за пиење. Со новиот систем, во кој има три нови бунари, ќе се обезбедат дополнителни 200 литри во секунда, со што проблемот со квалитетно снабдување со питка и чиста вода на граѓаните се решава за следните најмалку 30 години“, се вели во соопштението на СДСМ.

Со тоа, како што наведува владејачката партија, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.

Спонзорирано: