10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанецот кој беше страв и трепет за жените

Во 19.30 часот во Полициската станица Чаир бил приведен 20-годишниот А.Ф. од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело во врска со член 186 од Кривичниот законик на Република Македонија.

По преземени мерки било утврдено дека А.Ф. во текот на минатиот месец на подрачјето на Полициската станица Чаир во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: