17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел на собирот на ЕПП: Ни недостасуваат единство и заедништво

Мораме да ја гарантираме безбедноста на граѓаните, доживеавме несигурност на границите и почувствувавме сомнеж кај граѓаните, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Хелсинки, повикувајќи на единство.

„Гледајќи ја нашата позиција во светот, недостасува единство, заедништво“, порача Меркел, пренесе агенцијата „Анса“.

„Европа, САД, Кина и Русија ќе нѐ земат предвид ако говориме едногласно. Ако секој од нас говори различно во светот, Европа нема да биде силна. Mораме да се ангажираме за развојот на нашата надворешна и одбранбена политика, инаку граѓаните на Европа нема сериозно да го земат предвид европскиот проект“, истакна германската канцеларка.

Спонзорирано: